Заврши средно на 99 години

Од:

Одри Кребтри до САД на 99 годишна возраст ја прими почесната диплома за свршено средно училиште во Кедер Фолс.

„Сега се чувствувам многу по умна“ изјави Кребтри.

Инаку Одри го започна своето образование во едно средно училиште во Ајова, но во далечната 1932 година поради несреќа на пливање го напушти училиштето.

Кребтри поради несреќата морала да отсуствува од училиштето а подоцна исто така морала и да се грижи и за болната баба па одлучила веќе да не го посетува училиштето.

– Само една оценка ме делеше од дипломата. Мислев дека следната есен ќе се вратам на училиште и ќе дипломирам, изјави Одри.

Но тоа не се случило бидејќи Кребтри го запознала својот прв сопруг и започнала да работи во цвеќара.

И покрај се Кребтри истакнува дека секогаш била незадоволна поради тоа што не го завршила средното училиште.

Нејзината внука поради тоа го контактирала средното училиште Вотерло и на својата баба и помогнала да ја организира церемнијата на доделувањето на дипломата.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ