Заврши средбата Трамп – Зеленски, порака до Путин дека војната мора да заврши

Од:

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Давос заврши, објави портпаролот на Зеленски, Сергеј Никифоров, пренесува Укринформ.

Трамп оцени дека средбата поминала добро и рече дека главната порака за рускиот претседател Владимир Путин е дека војната мора да заврши, пренесува Ројтерс.

Запрашан од новинарите по средбата во Давос дали има можност уште денеска да се постигне договор, Трамп рече дека ќе видиме што ќе се случи, пренесе „Скај њуз“.

-Се среќаваме со Русија, тоа ќе се случи утре, а ќе се сретнеме и со претседателот Путин. Имав многу добар состанок со претседателот Зеленски, сите сакаат војната да заврши, рече тој, пренесе Си-ен-ен.

Според него, сè уште има многу да се направи за да заврши војната.

-Војната мора да престане. Се надеваме дека ќе престане. Многу луѓе се убиени, рече Трамп, кој одби да ги открие сите детали од разговорот.

Тој додаде дека не разговарал со Зеленски за приклучувањето на Украина кон Одборот за мир.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува за повлекување на американските трупи од Европа

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Трамп објави видео од маж кој со чекан убива жена: „Ако го увезеш Третиот свет, стануваш Трет свет“

Горан Наумовски

Трамп го доведе Нетанјаху до завршен чин

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда

Иран го отфрла клучното барање на САД

Катерина Ѓуровски