Заврши изградбата на втората по големина кула во светот

Од:

Со свечена церемонија во Шангај, денеска  беше одбележано завршувањето на изградбата на втората по висина кула во светот, која се наоѓа во шангајскиот бизнис кварт Пудун.


Шангајската кула е висока 632 метри. Во светот од неа е повисок само облакодерот „Бурџ Халифа“ во Дубаи, кој е висок 829,8 метри.


По завршувањето на изградбата на највисоката кула во Кина, во следните месеци ќе се работи на нејзино внатрешно уредување, по што таа официјално ќе биде пуштена во употреба по една година.


Кулата е проект на американсаката арехитектонска компанија „Генслер“.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ