Турската Дирекција за религиозни прашања ја заврши изградбата на најголемата џамија во Киргистан, која започна во 2012 година.
Џамијата, која се наоѓа во главниот град Бишкек, е изградена во класичен османлиски стил и има капацитет да прими 20.000 верници. Во компелксот има паркинг за 500 возила, конференциска сала и кафетерија.
Храмот наликува на анкарската џамија Коџатепе и има три минариња со височина од по 70 метри.
Се претпоставува дека џамијата е најголема во Киргистан и во Централна Азија.