Завојуваните талибански фракции во Авганистан постигнаа спогодба за примирје

Од:

Две сопернички авганистански талибански групации, предводени од мулата Ахтар Мансур и мулата Мохамед Расул склучија примирје, јави ДПА.

Мулата Назар Мохамед, член на Шурата во Кета и познат судија во организацијата, го прогласи примирјето преку аудиопорака, објавена на официјалниот сајт на талибанците.

Спогодбата е постигната на собрание, свикано со цел да се стави крај на меѓусебните несогласувања, кои доведоа до тешки судири во октомври и декември со стотици жртви од двете страни.

Претставниците на страните во преговорите постигнаа договор и се заколнаа на верност на мулата Ахтар Мансур, сегашен лидер на талибанците, кој ја зазеде функцијата, откако во јули беше соопштено за смртта на основачот на движењето мулата Омар.

Договорено е целосно примирје меѓу завојуваните фракции, создавање на комисија, која ќе ги разгледува споровите меѓу талибанските лидери и зголемување на членовите на раководните совети на организацијата.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан