Затворен аеродромот на Бали заради пепел исфрлена од блискиот вулкан Раунг

Од:

Меѓународниот аеродром Денпасар на индонезискиот остров Бали привремено ја прекина работата заради пепелта исфрлена од вулканот Раунг.

Одлуката за затворање на аеродромот ја донесоа локалните власти, информира агенцијата Ксинхуа, цитирана од ТАСС.

Откако во средата вулканот се активира британската авиокомпанија „Вирџин“ и австралиската „Џетстар“ ги откажаа сите летови до островот. Откажани се вкупни 13 внатрешни и меѓународни летови, вклучувајќи ги и оние до Австралија и Кина.

Ова не е првпат вулканската пепел да ги отежнува воздушните комуникации на Бали. Во јули аеродормот беше затварен неколку пати. Од 9 до 12 јули беа откажани над 900 летови, а десетици илјади лица беа блокирани на островот, напоменува ТАСС.

Вулканот Раунг, висок 3.300 метри, е еден од 129-те активни вулкани во Индонезија – архипелаг што лежи на Тихоокеанскиот огнен прстен, во еден од сеизмички и вулкански најактивните региони на Земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

Во Сингапур уапсени 10 странци за фалсификување на 700 милиони долари

Њујорк и Сингапур најскапи градови во светот во 2022 година

Ана Ололовска

Сингапур ќе го укине законот со кој се забрануваат хомосексуални односи

Ана Ололовска

Вежби на армиите на САД, Индонезија, Австралија, Јапонија и на Сингапур на островот Суматра

Ана Ололовска

Во Сингапур направен ПЦР тест кој го открива Омикрон

Ана Ололовска