Затвор во Херсон за време на окупацијата: „Убиваа луѓе со струја, ги сечеа, ги давеа“

Од:

Откако Украинците влегоа во Херсон по минатонеделната руска одлука да се повлечат, полека почнува да се открива каков бил животот на жителите на Херсон под руска окупација. Меѓу оние кои ги почувствуваа најтешките последици од руската окупација се затворениците, чија приказна одлучија да ја истражат новинарите на Sky News.

Валери бил успешен бизнисмен пред Русите да го уапсат. Уапсен е затоа што давал отпор на руските војници кои краделе камиони од неговата фабрика. Валери има дури и снимка на која се гледа како Русите ја ограбуваат неговата канцеларија и возат со неговите возила.

На снимката јасно се гледа како руски војници полнат вреќи со скапоцености и компјутерска опрема, а пред да заминат уништиле се. Сè се случило во март, набргу по руското заземање на Херсон, пишува Sky News.

Затворениците биле мачени

Валери бил сместен во ќелија на вториот кат. Тој тврди дека престојот во затвор му бил многу болно искуство, на кое не сака да се сеќава. „Имаше повеќе од 180 затвореници во 20 ќелии. Луѓето беа мачени секој ден“, вели Валери. Тој се смета себеси за среќен бидејќи вели дека другите затвореници биле измачувани многу полошо.

„Беа жестоко измачувани. Беа погодени од струја. Ги гушеа луѓето во водата. Сечеа луѓе. Правеа работи што не можам да замислам дека ниту едно човечко суштество може да ги направи, вели Валери. Тој тврди дека пораките напишани на ѕидовите на затворот покажуваат колку Русите всушност ги мразеле. Графитот на ѕидовите на затворот гласи: „Зеленски, доаѓаме“.

Андреј од соседната станбена зграда потврди дека и тој слушал врисоци од затворот. „Слушнав се, беше страшно. Овде силуваа девојки. Потоа носеа мажи и ги тепаа и убиваа“, вели Андреј.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ