Поради денешните снежни врнежи, комуналните служби во источниот и југоисточниот дел на Чешка, во областите Моравија и Шлезија имаат проблеми да ги одржат проодни патиштата, јави дописникот на МИА од Прага.
Поради снежните наноси и силниот ветер кои претставуваат опасност за безбедноста на возачите остануваат непроодни неколку локални патишта во Оломоуцкиот регион.
Како што соопшти полицијата, во Моравско-шлескиот крај патиштата се проодни, но проблеми во движењето претставуваат неколку десетици сообраќајни незгоди.
Во попладневните часови е затворен и дел од железничкиот сообраќај меѓу градовите Витков и Будишов. Поради невремето е одложен и натпреварот меѓу тимовите на Острава и Јихлава од првата фудбалска лига.