Засилени контроли на австриските аеродроми поради враќање на борците на ИД

Од:

Австрија ќе ги зајакне имиграциските процедури на своите аеродроми, со цел да ги идентификува борците на Исламска држава, кои се враќаат од Блиски Исток.

Австрискиот министер за внатрешни работи Херберт Кицкл во интервју за „Кронен Цајтунг“ изјави дека додека ИД е пред воен пораз голем број џихадисти се обидуваат да се вратат дома, вклучително и во Австрија.

Сите лица кои ќе пристигнат на аеродромите ќе треба да поминат низ безбедносна капија со откриена глава, а одредени летови внимателно ќе бидат следени, посебно авионите кои ќе пристигнат од Турција и од блискоистчните држави. Единиците на пограничните патроли исто така ќе бидат во состојба на готовност за лицата кои влегуваат во земјата по копнен пат, посочи Кицкл.

Тој додаде дека лицата кои наводно се поврзани со терористичките мрежи треба да бидат испратени на судење на Блиски Исток, посебно во Сирија, наместо да бидат вратени во Австрија.

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски