Заради неважечки пасош Сноуден не може да купи билет

Од:

Поранешниот службеник во американската Национална безбедносна служба Едвард Сноуден се уште е во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево и заради неважечки пасош не може да го докаже својот идентитет и да купи билет, изјави за руски медиуми извор близок до Сноуден.

– Пасошот му е поништен и тој не поседува друг документ со кој може да го докаже својот идентитет. Заради тоа мора да остане во транзитната зона на Шереметјево и не може да купи билет, па ни да ја напушти Русија, изјави изворот.

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж изјави за телевизијата Раша тудеј дека Владата на Еквадор му издала на Сноуден документи со кој добил специјален статус на бегалец, а врз основа на кој го напуштил Хонгконг.

Не е јасно дали може да го користи за продолжување на патувањето, наведуваат руски медиуми. Венецуела денеска соопшти дека би разгледала барање за азил доколкутоа го побара поранешниот службеник во НСА.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска