Запрена програмата на ЦИА за вооружување на сириските бунтовници

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп наредил прекинување на програмата на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) за вооружување на исламистичките бунтовнички групи во Сирија, тврди весникот „Вашингтон Пост“.

Весникот наведува дека запирањето на програмата започнало уште пред безмалку еден месец и дека последиците од тоа веќе се чувствувале на теренот.

Одлуката била донесена на состанок во Белата куќа, на која покрај претседателот Трамп, биле и неговиот советник за нацинална безбедност Х.Р, Мекмастер и директорот на ЦИА, Мајк Помпео.

„Вашингтон Пост“ тврди дека решението за запирање на програмата било донесено непосредно пред Самитот на Г-20, што се одржа во Хамбург на 7 и 8 јули годинава, оценувајќи дека ваквиот потегот на Трамп е направен со цел да се унапредат односите со Русија.

Според сознанијата до кој дошол весникот, завршувањето на оваа програма на ЦИА не се третира како услов за преговори.

Програмата стапи во сила во 2013 година, како обид на тогашната Администрација на претседателот Барак Обама, да се изврши силен притисок врз сирискиот претседател Башар ал Асад, во обидот на Вашингтон и Западот тој да биде тргнат од власта.

Бунтовничките исламистички групи кои досега добиваа помош во оружје и муниција преку програмата на ЦИА, беа цел на воздушните нппади на руската воена авијација што заочнаа во септември 2015 година.

Би можело да ве интересира

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски