Запрена истрагата против компанијата на Руперт Мардок во САД

Од:

Американските правосудни власти ја запреа истрагата против медиумската компанија „Њуз Корпорејшн“, сопственост на Руперт Мардок, покрената во врска со аферата со прислушувањето на мобилните телефони во Велика Британија.

Седиштето на компанијата е во САД, па истражните органи и ФБИ, ги испитуваа обвинувањето од Велика Британија дека „Њуз Корпорејшн“ преку новинари од британските весници на Мардок, им давала пари на британски полицајци за да обезбедат ексклузивни информации за објавување.

Доколку беа пронајдени докази за ваквото обвинување на кое инсистираше британска страна, компанијата на Мардок ќе беше обвинета за кршење на американските антикорупциски закони.

Министерството за правда на САД, меѓутоа, соопшти дека нема основа за покренување формално обвинение против „Њуз Корпорејшн“ и дека затоа запира секаква понатамошна истрага за овој случај.

Аферата со прислушувањето се појави уште во 2006 година, но таа ескалираше и беше искористена за пресметка со Руперт Мардок и неговата британска новинска команија во 2011 година, кога опозициските лабуристи и ним блискиот „Гардијан“ покренаа остра кампања против глобалниот медиумски тајкун.

Ескалацијата настана кога „Гардијан“ откри дека весникот „Њуз оф д Ворлд“, каде избувна аферата, не ги ловел пораките од говорната пошта на мобилните телефони само на познати личности во Велика Британија, туку и на обични луѓе.

Лабуристите предизвикаа политички случај околу настаните во таблоидот и го присилија премиерот Дејвид Камерон да покрене јавна истрага. Мардок одлучи да го затвори повеќе од 170 години стариот неделник, но не успеа да да ја запре кампањата против него и неговите изданија.

Опозициските лабуристи на Ед Милибанд во таквата атмосфера успеаја да го блокираат преземањето на радиодифузната компанија БскајБ од страна на британската филијала на компанијата на Мардок, а јавната истрага да се претвори во судење на тајкунот и на лондонските таблоиди.

„Гардијан“, кој од порано беше во „војна“ со Мардок, обвинувајќи го за доминација врз британскиот медиумски простор, побара од „Њујорк Тајмс“ да покрене слична „анти-Мардок“ кампања и во САД. Од британска страна се изразуваа сомневања дека со прислушување се занимавале и американските изданија на „Њуз Корпорејшн“ и дека исто како и во Велика Британија, биле давани пари за да се „купат“ тиражни информации.

Руперт Мардок е сопстеник на „Њуз Корпорејшн“ и на сестринската компанија „21 Сенчери Фокс“. Овие две компании се разделија во 2013 година во два различни бизнис сектори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол