Меѓународните и домашни воздушните и железничките линии во Белгија од синоќа се во целосен прекин, поради штрајк на контролорите на летање, кои се приклучија на синдикалниот национален штрајк, поради незадоволство од владините мерки за штедење.
– Сите летови се откажани. Се е запрено до вечер- соопшти портпаролката од бриселскиот аеродром, Флоранс Мулс.
Таа за „Франс прес“ изјави дека во наредните 24 часа ниту еден авион нема да полета ниту да се спушти на аеродромот во Брисел.
Белгиската железничка компанија СНЦБ соопшти дека во прекин се сите домашни линии за 24 часа, а „Евростар“ објави дека возовите од Лондон до Брисел ќе сообраќаат само до Лил, во близина на границата со Белгија и дека нема да возат до Брисел.
Како што пренесе француската агенција се очекува во штрајкот да се приклучат и другите јавни превозници, автобуси, метрото и трамваите, но и да се проширии во училиштата и фирмите ширум Белгија. Инаку штрајкот е резултат на револт на Синдикатите во поглед на владините мерки за намалување на платите во јавниот сектор и зголемување на старосната граница за заминување во пензија.
Е. Г.