Запреле возови во Франција оти стара жена влегла во погрешен

Од:

Француската национална железница запрела два брзи воза за да и помогне на постара патничка која влегла во погрешен воз.

Возот тргнал од железничката станица Исток во Париз кон Нанси и во еден момент старата жена која одела кон Ремс, сфатила дека влегла во погрешен воз. Кога увидела грешката, на старата жена и дошле солзи на очи.

Таа му рекла на човекот кој седел во возот до неа дека ќе стаса во Нанси во 22 часот и 50 минути и дека не знае каде да оди, објавуваат француски медиуми.

Тој и ветил дека ќе поразговара со контролорите и подоцна нејзиниот проблем бил решен.
Надлежните во железницата организирале возот со голема брзина во кој била жената да запре на станица оддалечена околу 10 км. од станицата во Ремс, а другиот воз кој тргнал 15 минути подоцна од Исток во Париз и одел кон Ремс, исто така да се запре вонредно на истата станица во близина на Ремс и да ја земе старицата.

Нејзиниот „сосед“ од возот изјави за француски медиуми дека никогаш не би помислил дека Железницата може да биде толку флексибилна.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски