Запознајте ја најдобрата полициска цртачка на криминалци

Од:

За спречување на криминалот понекогаш не се потребни значка, оружје и униформа. Тоа го знае и Лоис Гибсон, цртачка која веќе 30 години и помага на полицијата во фаќање на криминалци.

Нејзините неверојатни цртежи на Тексашката полиција и овозможија приведување на повеќе стотини криминалци, убијци, силувачи и грабнувачи.

И самата Гибсон била жртва бидејќи кога имала 21 година била брутално силувана и во таа прилика за малку ќе го изгубела животот.

Во Гинисовата книга на рекорди влезе заради најмногу идентификувани криминалци од полициски цртеж – 523 лица заради нејзината способност се уапсени, а помогнала во решавањето на преку 1000 злосторства.

Најпрво полицијата била сомничава спрема нејзините способности и биле потребни дури три случаи за да ги убеди дека нејзиниот талент и методите на разговор со жртвите можат да помогнат.

„Таа има неверојатна дарба, не знам што ќе правиме кога ќе си оди. Се надевам само дека ќе одам пред неа во пензија“, рече началникот на полицијата во Хјустон, Чарлс МекЛиланд.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД