Започнува 51–от салон во Бурже посветен на авионската и вселенската индустрија

Од:

Париското предградие Бурже и својот реномиран аеродром е местото каде по 51 пат денеска се отвораат вратите на најпрестижниот салон посветен на авионската и всленеската инудстрија, кој годинава како и по обичај ќе помине во натпреварувањето меѓу Ербас и Боинг со фокусирање на заштитата на природната средина и климатските промени, јавува дописникот на МИА од Париз.

“Ќе има значаен број на комерцијални нарачки кај Ербас и Боинг, како одраз на динамиката на пазарот “, предвидува Марван Лахуд, претседател на Здружението на француските авиоснка и вселенска индустрија (GIFAS). Според него, ова издание на Биеналето, од 15 до 21 Јуни, “се најавува како добра година.”

Пред две години, Ербас имаше 39,3 милијарди на нарачки и 38 милијарди долари за Боинг. Во 2013 беа забележани во сите сектори околу 115 милијарди евра на нарачки за целиот сектор на воздухопловство.

– Јас не знам дали тоа ќе рекордна година. Но, салонот ќе биде добар” со “стотици” нарачки, укажува Фабрис Брегие, шеф Ербас.

– Имаме многу нешта, на среден и на долг пат”, изјави Ренди Тинсет шеф на огранокот на Боинг комерцијална авијација.

Секторот на воздухопловството е поддржан и од силниот раст на глобалниот воздушен сообраќај, која се зголеми од 100 милиони патници во 1960 година на нешто повеќе од 3 милијарди во 2013 година.

Овој тренд се очекува и за следните 15 години, бројката од 6 милијарди патници треба да се достигне во 2030 година.

Соочени со ова барање, производители на авиони ја менуваат нивната деловна стратегија и нивните добавувачи за да се зголеми производството, а се нудат и иновации за да се подобрат авионите.

Помалку спектакуларен, но подеднакво реална е трговска војна меѓу регионалните производители на авиони би можела да се обнови со пристигнувањето на последниот канадски Бомбардие, кој ќе биде претставен на Бурже.

Биеналето, исто така, ќе се фокусира на животната средина, посебно ако се знае дека Париз ќе биде домаќин на крајот на годината на меѓународна конференција посветена на климата.

Организирана е изложба наречена “Небото на иднината”, а е предвиден и министерски состанок на Советот за цивилно истражување во аеронаутиката(Corac) на 18 јуни посветена на ова индустрија и нејзиниот однос кон климата.

Комерцијална авијација, претставува 2% од емисиите јаглерод-диоксид до 2020 година и 50% намалување на емисиите на CO2 до 2050 година, особено благодарение на биогоривата, со што нема да влијаат на ефектот на стаклени градина.

Како таква, индустријата ќе се изложи на концепти како што се електричниот авион на Ербас E-Фан или Грин Тсксинг.

Салонот кој свечено денес го орвора францускиот претседател Франсоа Оланд, се очекува да го посетат околу 315.000 посетители, вклучувајќи 140.000 професионалци. Салонот ќе биде под високо ниво на безбедност.

Организаторите очекуваат 2.260 излагачи, односно 5% повеќе од 2013 година, што ќе биде рекорд. Речиси половина се странски и на слаонот се претставени 47 земји.

Меѓу ѕвездите оваа година, украинскиот Антонов 178 или борбениот авиони наПакистан JF-17,францускиот Рафалќе биде една од атракциите по првите успешни продажби во странство.. Ербас A400M, копија на авионот кој се урна во почетокот на мај за време на тест-летот тест во Севилја (Шпанија), при што загинаа четири лица, се очекува да спроведе летови на демонстрација.

Ербас треба да го прикаже и својот најнов A350 кој се соочува со неговиот директен ривал, “Дримлајнер” наБоинг.

Во просторот на Ербас групата, ќе биде претставен и концептот на повеќекратен ракетен носач во вселената, антитеза на онаа на америакнскиот ривал Спајс X.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата