Започнаа политичките игри околу изборите на Филипините

Од:

Во пресрет на изборите на Филипините, закажани за 9 мај идната година, на кој ќе се бираат претседател и потпретседател на државата, сенатори, конгресмени, провинциски гувернери и градоначалници, веќе се прочистуваат кандидатските листи, а започнаа и политичките игри за обезбедување на позици што ќе овозможуваат полесен влез во институциите на власта.

Најжестока борба се води околу изборот на нов претседател на државата, чија позицијата на Филипините има исти овластувања како и претседателот на САД.

По неуспешниот обид на сегашниот претседател Бенињо Акино да ја смени уставната определба според која шефот на државата може да има само еден мандат, моќниот клан на Акино сега се обидува да ги елеимира посериозните кандидати кои досега беа најостри критичари на неговото раководење со 100 милионската нација.

Меѓу првите „жртви“ можеше да биде и сенаторката Грејс Пое, раскошна убавица која како бебе била пронајдена пред куќата на познат филипински актер и која, според нејзините опоненти, немала доказ дека е плод на двајца родители со филипиндко државјанство.

Филипинскиот закон не дозволува во претседателската трка да се вклучат лица кои не се родени во семејство на легални филипински жители.

Централната изборна комисија, по претставка од „група граѓани’’ донесе одлука името на Грејс Пое да биде симнато од листата на кандидатите, но по нејизната жалба до Врховниот суд, оваа одлука е прогласена за неважечка.

Јавноста на Филипините подолго ввреме расправа за потеклото на Грејс Пое, а според медиумите најверојатна е приказната дека таа е вонбрачна ќерка на поранешниот диктатор Фердинд Маркос и тогаш најславната филипинска актерка Сузана Рохес.

Во нејзините официјални документи стои дека таа има познат татко и мајка, но сомнежот и приказните дека е родена во вонбрачна врска испаднаа како добар мотив да се направи обид за нејзина елиминација од претседателската трка.

Грејс Пое, родена 1968 година, која сега е сенатор, е еден од најпознатите филантропи на Филипините и заговорник на идејата на архипелагот да се намали бројот на сиромашното население.

На тема укинување на сиромаштијата пред пет години изборите ги доби сегашниот претседател Акино, но неговите ветувања, попречени и од неколку големи природни катастрофи на Филипините, не се остварија ни половично.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски