Започна Г-7 самитот во Италија

Од:

Додека акробатската екипа на италијанското Воено воздухопловство „Фрече Триколори“ ги поздрави лидерите на Г-7 на Сицилија исцртувајќи ги боите на италијанското знаме на небото, група еколози организираа протести на брегот во близина на собирот.

Лидерите на седумте најразвиени земји во светот летачката акробација ја набљудуваа од градината на елитниот хотел „Сан Доменико Палас“ во Таормина, каде се одржува самитот на Г-7.

Активистите на еколошките организации „Гринпис“ и „Оксфам“ протестираа поради климатските промени, што е едно од најпроблематичните прашања на агендата на дводневниот состанок.

Активистите на „Гринпис’ со осум кајаци на море раширија транспаренти со пораки меѓу кои беше и „Планетата Земја на прво место“.

На брегот поставија своја Статуа на слободата, висока четири метри, со појас за спасување како симбол на страдањето на мигрантите и закана од зголемување на нивото на морето, што е последица на климатските промени.

Активистите на „Оксфам“ носеа маски со ликовите на седумте лидери и транспарент на кој пишуваше „Договор од Париз“, чие напуштање го најави претседателот на САД, Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он