Градоначалникот на Минхен Кристиан Уде го отвори првото буре со пиво и на тој начин го прогласи за отворен 179-от традиционален народен фестивал Октоберфест, кој ќе трае до 7 октомври.
Илјадници луѓе се собраа на „Терезиенвеис“ (Ливадата на Тереза) за да присуствуваат на отворањето на најмасовната забава на светот – легендарниот празник на пивото.
Се очекува над шест милиони гости од целиот свет да ги посетат шаторите со пиво и да го одлежат Октоберфест.
Минатата година посетителите испиле околу осум милиони еднолитарски кригли пиво. Оваа година цената на една кригла, наречена „Мас“ на германски, ќе изнесува 9,50 евра.
Германските власти презедоа строги безбедносни мерки во реонот каде што се одржува фестивалот, тврдејќи засега дека не постои никаква конкретна закана.
Инаку Октоберфест започнал да се прославува на 12 октомври 1810 година како дел од уличната прослава по повод венчавката на баварскиот принц и престолонаследник Лудвиг со принцезата Тереза, по која се нарекува и ливадата каде што се одржува овој фестивал на пивото.