Запленети 460 килограми кокаин во Франција

Од:

Француските цариници запленија 460 килограми кокаин, со улична вредност од 25 милиони евра, и уапсија три лица, соопшти денеска Министерството за финансии во Париз.


Во соопштението се наведува дека кокаинот е пронајден во 30 чамци, регистрирани во Венецуела, во меѓународните води кај Француските Антили.


Кокаинот бил сокриен во канти за гориво.


Официјални претставници наведуваат дека ова е најголемата заплена на кокаин во Франција годинава и дека дрогата била наменета за европскиот пазар, пренесуваат француските медиуми.


Во декември минатата година, француските власти запленија 800 килограми кокаин кај брегот на Панама.


Минатата година вкупно беа запленети 4,6 тони кокаин.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина