Запленети 1,5 тони кокаин кај Плимут, уапсени шест лица

Од:

Шест мажи, меѓу кои и еден Британец, се уапсени во близина на Плимут, по заплена на 1,5 тони кокаин вреден 120 милиони фунти (140 милиони евра).

Британската државна агенција за борба против криминалот (НЦА) соопшти дека во соработка со австралиската федерална полиција и локалните погранични сили, уапсиле Британец и петмина државјани на Никарагва со јахта од Јамајка, на околу 130 километри од брегот, објави „Гардијан“.

„Мажите, на возраст од 24 до 49 години, се уапсени под сомнение за шверц на дрога и ќе останат во притвор до сослушување“, додава НЦА.

Заменик -директорот на НЦА, Мет Хорн рече дека „нема сомнение дека оваа дрога ќе се продава на места низ Велика Британија, што ќе доведе до уште поголем криминал и беда“.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож

Кривична пријава за полициски службеник од СВР Охрид, пронајдена му е дрога на работното место

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски