Група незадоволни жители ги истераа ромите од населбата во Марсеј, и ја запалија, јавуваат француските медиуми.
Немаше случаи на насилство кога 35 Роми беа принудени да ја напуштат својата населба во квартот Крено. Мебелот и другите предмети беа запалени во населба која беше подигната на празен простор на почетокот на оваа недела.
Локалните жители вчера му се пожалија на градоначалникот обвинувајќи ги Ромите за грабежите во соседството.
Каролин Годар, член на групата за заштита на правата на Ромите, рече дека била ужасната од веста за протерувањето.
Локалните жители вчера се обратиле на властите пред да го земат законот во свои раце.
Во четвртокот околу 19:30 група од околу 30 активисти им нареди на Ромите да ги напуштат домовите.
Кога пристигнала полицијата виделе како Ромите си одат, но немало знаци на насилство, изјави извор близок на истрагата за весникот “Ле Монд”, додавајќи дека запалени се шаторите и мебелот.
Градоначалничката Самиа Гали изјави дека локалните жители дошле кај неа да се жалат, обвинувајќи ги Ромите за грабежите.
Во Марсеј, се затегнати односите помеѓу локалното население и Ромите кои на повеќе места подигнаа кампови, често пати само шатори на парче гола земја. Населбата во Марсеј каде што ромите ги подигнаа кампот, една од најсиромашните, со голема имигрантска популација.
Еден жителка, Сабрина рече дека луѓето им се обраќале на властите, но кажано им е дека мора да чекаат повеќе месеци за да се реагира.
– Дадено ни е до знаење дека самите треба тоа да го спречиме, и ние го сторивме тоа. Се јавивме едни на други и се договоривме. Се беше многу брзо – рече таа.
Новата социјалистичка влада ги уништува нелегалните ромски населби и ги депортира жителите назад кон Источна Европа, што е продолжување на контроверзната политика на претходната конзервативна влада.
Според некои проценки, околу 15.000 Роми се регистрирани ова лето во илегални кампови ширум Франција.
Ромите, кои доаѓаат главно од Бугарија и Романија, имаат право да влезат во Франција без виза, но под посебни услови и мора да имаат работна дозвола или дозвола за престој, ако сакаат да останат подолго од три месеци.
Од јануари 2014 година, седум години по пристапувањето во Европската унија, Романците и Бугарите ќе уживаат во целосна слобода на движење насекаде во ЕУ.