Запалена германската амбасада во Судан

Од:

Десетици илјади муслимани протестираа во петокот ширум арапскиот свет и во Азија поради филмот произведен во САД во кој се навредува исламот, а во текот на протестите се регистрирани и нови насилства, особено во Судан каде е запалена германската амбасада.

Во Картум околу пет илјади исламисти ги нападнале амбасадите на Германија и Велика Британија. Зградата на германската амбасада е запалена, симнато е германското знаме и заменето со исламистичко, јавува дописникот на AFP.

Во Либан околу 300 исламисти запалиле еден американски ресторан за брза храна во градот Триполи, а во Санаи полицијата пукала во воздух за да растера неколку стотини демонстранти коишто се приближиле на американската амбасада.

Полицијата во Јемен и во петокот употребила истрели во воздух и водени топови за да ги растера демонстрантите кои го запалиле американското знаме и бараат заминување од земјата на американскиот амбасадор. Во четвртокот во сличните безредија загинаа четири лица, а повеќе од 30 беа ранети.

Во Бангладеш околу десет илјади демонстранти во градот Дака ги запалиле израелското и американското знаме, додека во Индонезија протестирале околу 350 радикални исламисти.

Во иранската престолнина Техеран, илјадници луѓе се собрале извикувајќи „Смрт за Израел. Смрт за Америка”, а во египетската престолнина Каиро продолжуваат безредијата во коишто ноќта кон петокот имаше околу 200 повредени.

Слични слики може да се видат и во другите делови на муслиманскиот свет. Во Сирија околу 200 демонстранти се собрале пред зградата на САД во главниот град Дамаск, која веќе со месеци е затворена. Тие молчешкум носеле транспаренти со написи против спорниот филм „Невиноста на муслиманите”.

Демонстрациите се забележани и во Тунис и Јордан.

Би можело да ве интересира

Најмалку 20 лица загинаа во авионска несреќа во Судан

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on