Западот ја премина црвената линија на Путин: Ние ќе ги вооружиме вашите непријатели

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди западните земји дека преземаат „многу сериозен и опасен чекор“ со снабдување на Украина со оружје, што може да резултира со тоа Москва да ги вооружи нивните непријатели.

Во војната против Русија, Украина во голема мера се потпира на оружјето испорачано од западните сојузници. Минатата недела американскиот претседател Џо Бајден му даде дозвола на Киев за првпат да користи американско оружје за да изврши напади на руска територија, откако неколку европски земји го сторија истото.

„Снабдувањето на конфликтната зона со оружје е секогаш лоша работа“, изјави Путин пред уредниците на меѓународните новински агенции на економскиот форум во Санкт Петербург. „Особено ако е поврзано со фактот дека оние што ги снабдуваат не само што го снабдуваат оружјето, туку и го оперираат“, додаде тој.

Путин, исто така, предупреди дека Русија би можела да возврати ако смета дека западните земји директно се вмешале во војната.

„На крајот, ако видиме дека овие земји се вклучија во војната против нас, го задржуваме правото да дејствуваме на ист начин“, рече тој. „Ова води до сериозни проблеми. Ако некој мисли дека е можно да се снабди воена зона со такво оружје за да се нападне наша територија и да ни создава проблеми, зошто ние немаме право да го сториме истото“, додаде Путин.

„Зошто Русија да нема право да го испорача своето оружје од иста класа во оние региони во светот каде што ќе има напади врз чувствителни објекти на оние земји кои го прават истото против Русија“, праша тој.

Украинската војска почна да ги користи ракетните системи HIMARS, испорачани од САД, за да гаѓаа руски системи за противвоздушна одбрана, складишта за оружје и други цели на руска територија, изјави член на украинскиот парламент за Си-Ен-Ен.

Јехор Черниев, заменик-претседател на Комитетот за национална безбедност, одбрана и разузнавање на украинскиот парламент, рече дека американското оружје овозможило „значително да се намали гранатирањето на Харков со руски ракети С-300“.

Путин рече дека Русија ќе ги подобри системите за противвоздушна одбрана за да ги уништи дојдовните ракети.

Тој особено го критикуваше Берлин. „Појавата на германски тенкови во Украина резултираше со етички шок во Русија, каде односот кон Германија претходно беше многу добар“, рече Путин. „Сега, кога велат дека ќе достават проектили кои ќе гаѓаат цели на руска територија, ова, се разбира, на крајот ги уништува руско-германските односи“, додаде тој.

Тој ги коментираше и американските избори и рече дека не е важно кој ќе биде следниот американски претседател бидејќи тоа веројатно ништо не менува за Москва, но рече дека американскиот судски систем очигледно се користи за политичка битка против Доналд Трамп. Тој ја обвини администрацијата на Бајден, која е најголемиот снабдувач на воена опрема за Украина, дека прави грешка по грешка и го „пали“ американскиот политички систем и глобалното лидерство.

„Во суштина, не ни е грижа кој ќе победи“, рече Путин на прашањето на Ројтерс дали верува дека исходот од изборите во САД може да значи нешто за Москва. „Ние не сметаме дека резултатот е од големо значење за нас. Ќе работиме со кој било претседател што ќе го избере американскиот народ.

Претходниот мандат на Трамп ги оштети американско-руските односи, рече тој, и тешко е да се каже дали овојпат ќе биде поинаку ако тој победи на изборите во ноември. „Никогаш не сме имале посебни односи со господинот Трамп, но останува фактот дека тој почна да воведува тешки санкции кон Русија, дека се повлече од договорот за ракети со среден и краток дострел“, рече Путин.

Но, Путин не исклучи промена на политиката доколку, како што рече, Вашингтон почне да гледа на сопствените национални интереси. „Никој во САД не е заинтересиран за Украина, тие се заинтересирани за подобрување на Соединетите држави, кои не се борат за Украина и Украинците, туку за сопственото подобрување“.

Рускиот лидер рече дека е јасно дека политичките ривали на Трамп го искористиле американскиот судски систем за да му наштети на неговите изборни шанси, стратегија за која рече дека не функционира. „Тие се палат одвнатре, својата земја, нивниот политички систем… Во светот е јасно дека гонењето на Трамп, особено она што се заснова на наводите за настаните од пред многу години, без директни докази, е употреба на судскиот систем во внатрешна политичка битка“, рече тој.е Путин.

За ризиците од нуклеарна војна за Украина, рускиот претседател Владимир Путин во средата предупреди дека Русија може да ги искористи сите расположливи средства за да се одбрани доколку се загрозени нејзиниот суверенитет или територијален интегритет.

Путин вели дека Западот постојано ја обвинува Русија за закани со нуклеарно оружје, но дека тоа е погрешно бидејќи токму САД употребија нуклеарно оружје против Јапонија во Втората светска војна. Пред уредниците на странските медиуми на економскиот форум во Санкт Петербург, Путин рече дека руската нуклеарна доктрина дозволува такво оружје да се користи како одговор на одредени закани.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна