Замир: САД би можеле да го нападнат Иран за две недели

Од:

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, Еил Замир, верува дека американскиот напад врз Иран ќе се случи во рок од „две недели до два месеци“. Замир, се сретна со претставници на Пентагон во Вашингтон овој викенд за да разговараат за ситуацијата околу Иран, соопшти канцеларијата на израелскиот министер за одбрана Израел Кац, со кого Замир се сретна по разговорите во Соединетите Американски Држави, објавува „The Times of Israel“.

„По серијата состаноци што началникот на Генералштабот на IDF неодамна ги одржа во Соединетите Американски Држави, тој (со Кац) разговараше, меѓу другото, за проценка на ситуацијата во регионот и оперативната подготвеност на IDF за какво било сценарио“, се вели во извештајот.

Би можело да ве интересира

Аун: Прекинот на огнот е единственото решение што води кон преговори со Израел

САД: Иран со Ормутскиот теснец се обидува да изнуди отстапки за време на преговорите

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Ердоган му порача на Пезешкијан: Разговорите меѓу САД и Иран треба да се искористат максимално

Зеленски: Украинските сили соборија беспилотни летала „Шахед“ за време на војната во Иран

Израел: Повеќе од 7.500 повредени од почетокот на конфликтот со Иран