Заменичката на Меркел бара воведување дневни квоти за бегалците

Од:

Потпретседателката на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, Јулија Клекнер повика на воспоставување центри на границите, од каде на бегалците ќе им биде дозволуван влез во Греманија врз основа на дневни квоти.

Клекнер се надева дека ќе дојде на местото гувернер на државата Рајнланд-Пфлац на сојузните избори на 13 март, додека во соседниот Баден-Виртенберг, нејзиниот партиски колега Гвидо Волф верува дека ќе овозможи враќање на ЦДУ на власта по пет години.

Во заедничко соопштение, двајцата сопартијци се залагаат за воведување дневни квоти, чија бројка не е наведена, повторувајќи го повикот на Клекнер од пред еден месец.

Двајцата членови на ЦДУ ја истакнаа поддршката за напорите на Ангела Меркел да се постигне европско решение за мигранстката криза, но додаваат дека Германија не може да зависи само од добрата волја на другите држави.

Во Германија минатата година влегоа повеќе од еден милион баратели на азил, а европските земји се длабоко поделени околу начинот за решавање на мигрантската криза.

Би можело да ве интересира

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он