Врховниот командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни ги подгреа шпекулациите дека е неизбежна масовна контраофанзива против руските окупаторски сили, најавувајќи дека е време Украина да ги врати своите територии.
Дојде време да го вратиме она што е наше, напиша Залужњи на каналот Телеграм.
Според Си-Ен-Ен, текстот се појавува под видеото во должина од нешто повеќе од една минута, на кое се гледа како украинските сили тренираат на изгрејсонце.
Видеото покажува опрема обезбедена од Западот, вклучително и тенкови Леопард 2 од германско производство, кои се сметаат за една од клучните набавки на бојното поле на Украина во последните месеци, како и оклопни возила MRAP од американско производство, артилерија М777 и ракетни фрлачи ИМАРС.
Видеото завршува со војниците и нивниот командант кои пркосно извикуваат: „Украина, мојата татковина, Господи, нашиот небесен татко, благослови ја нашата одлучувачка офанзива, нашата света одмазда, нашата света победа“.