Зеленски го назначи Залужни за нов амбасадор на неговата земја во Велика Британија

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го назначи поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Валери Залужни, за нов амбасадор на неговата земја во Велика Британија, еден месец откако беше сменет од функцијата по тензиите меѓу него и Зеленски, известува Тајмс.

Генералот Валериј Залужни многумина го сметаат за национален херој во Украина, каде што две години ја водеше борбата против руската окупаторска армија. Според анкетите, тој е и најдоверливата јавна личност. Сепак, тој беше критикуван од канцеларијата на Зеленски во ноември кога Залужни сугерираше дека војната дошла во ќор-сокак.

Тој беше заменет како врховен командант на Украина во февруари од генералот Олександр Сирски, кој ја надгледуваше успешната контраофанзива на Киев во близина на Харков во 2022 година.

Најавата за назначувањето на Залужни за амбасадор дојде откако Зеленски се сретна со министерот за одбрана Грант Шапс во Киев.

„Нашиот сојуз со Британија треба само да зајакне“, рече Зеленски и доаде „Залужни ми рече дека тоа е насоката по која би сакал да оди, дипломатијата. Залужни е магистер по меѓународни односи и зборува англиски јазик“.

Украина нема амбасадор во Велика Британија откако нејзиниот поранешен пратеник, Вадим Пристајко, беше сменет во јули 2023 година, откако јавно го критикуваше Зеленски.

Залужни се уште не се изјаснил за неговото назначување и не е јасно дали бил присутен на средбата со Шапс. Сепак, критичарите на Зеленски веројатно ќе го сфатат овој потег како обид дополнително да го турнат популарниот генерал настрана.

Иако Залужни не стави до знаење дека сака да се занимава со политика, опозициските политичари го пофалија како најдобар кандидат за на крајот да го замени Зеленски за претседател. Во Украина требаше да се одржат претседателски избори овој месец, но тие беа одложени на неодредено време поради вонредната состојба воведена на почетокот на војната.

„Ова беше добар компромис за двете страни. Кабинетот на претседателот ја елиминира можноста сите политички играчи во Украина да го вовлечат Залужни во политиката, а Залужни добива ново вредно дипломатско искуство за кое отсекогаш бил заинтересиран“, рече Володимир Фесенко, украински политички аналитичар.

Би можело да ве интересира

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина

Зеленски: Законот за мобилизација содржи важни прашања поврзани со поддршката на армијата

Зеленски: Без американска помош блокирана во Конгресот, Украина ќе ја изгуби војната

Зеленски: Се надевам дека наскоро ќе го одредиме датумот на мировниот самит во Швајцарија

Зеленски: 300.000 не е конечниот број војници што Русија може да ги мобилизира