Зеленски го смени генералот Валериј Залужни

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го смени досегашниот командант на украинската армија, генерал Валериј Залужни и на негово место го назначи генералот Александар Сирски, пишува Киев Индипендент.

„Се сретнав со генералот Залужни, му се заблагодарив за неговата двегодишна служба“, напиша Зеленски во објавата на Телеграм.

Тој додаде дека разговарале кој би можел да биде дел од новото раководство на украинската армија.

„Сега е време за тоа обновување. Му предложив на генералот Залузни да остане дел од тимот. Дефинитивно ќе победиме! Слава на Украина“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ситуацијата на фронтот е под контрола

Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова

Зеленски до Собранието достави предлог закон за продолжување на мобилизацијата

Русија: Америка активно бара замена за Зеленски

Ритер: Режимот на Зеленски ќе исчезне

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски