Залужни: Америка го уништува светскиот поредок

Од:

Амбасадорот на Украина во Обединетото Кралство, Валериј Залужни изјави дека САД го „уништуваат сегашниот светски поредок“.

Оваа невообичаено отворена изјава доаѓа додека Украина се обидува да ги поправи врските со САД по состанокот во Белата куќа меѓу Володимир Зеленски и Доналд Трамп.

Генералотот Залужни беше сменет од функцијата шеф на украинската армија минатата година и многумина веруваат дека тој би можел да се кандидира против Зеленски на претседателските избори.

„Тоа не е само „оската на злото“ и Русија се обидува да го ревидира светскиот поредок, туку САД го уништуваат овој поредок“, нагласи Залужни, говорејќи на панелот во британскиот тинк-тенк „Чатам хаус“.

Тој тврди дека американската влада го „подигнала под прашање“ единството на западниот свет.

„Сега Вашингтон се обидува да ги делегира безбедносните прашања во Европа“, предупреди тој.

Тој фрли сомнеж за иднината на воената алијанса на НАТО.

„Можеме да кажеме дека во блиска иднина НАТО исто така би можел да престане да постои. Гледаме дека сега Белата куќа презема чекори кон Кремљ, обидувајќи се да ги исполни, па следната цел на Русија би можела да биде Европа“, нагласи тој.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидува да ги намали тензиите со администрацијата на Трамп. Тој призна дека минатонеделната средба со Трамп „не поминала како што требаше“ и нагласи дека Украина е подготвена да преговара за крај на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина