Закажано судењето на екс премиерката на Тајланд

Од:

Одделот за криминал сторен од страна на носители на политички функции на Врховниот суд на Тајланд денеска одлучи судењето на поранешната премиерка Јинглук Шинаватра да започне на 15 јануари идната година. Шинаватра ќе биде обвинета зе небрежност и непочитување на законите при спроведувањето на државната шема за распределба на субвенции за производителите и трговците со ориз во 2013 година, поради што, според обвинителството, државниот буџет бил оштетен за над 20 милијарди долари.

По напуштањето на судот, каде што била утврдена листата на сведоци, Јинглук Шинаватра изјави дека судот ќе има разбирање за нејзините аргументи во одбраната за која ќе има 43 сведоци. Обвинителот на судењето ќе има 14 сведоци.

Ако биде прогласена за виновна, Јинглук Шинаватра, која беше сменета со воен удар во мај минатата година, ќе биде задолжена да ја надомести штетата што ќе ја утврди судот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач