Захед: Да е Мухамед жив, сигурно би венчавал геј парови

Од:

Организацијата на хомосексуалците-муслимани во Франција, до крајот на ноември,  ќе отвори џамија, кој ќе им овозможи на мажите и жените заедно да се молат и да ги извршуваат обредите за склопување истополни бракови.

„Во обичните џамии жените мора да седат во послените редови со покриени глави, а геј-мажите се плашат од вербални и физички напади, вели геј-муслиманот Лудивик, Луфти Захед.

Првиот геј-маж кој се венча според муслиманските обичаи во Франција, захед, е студент од Алжир кој работи на доктотратот за исламот и хомосексуалноста.

„Моментната исламска етика ја осудува мојата сексуална ориентација, но во исламот и во Куранот нема ни збор за забрана за хомосексуалноста. Да е Мухамед жив, сигурно би венчавал геј парови“, вели Захед.

Францсускиот закон се уште не ги признава истополните бракови. Претседателот Оланд вети дека ќе ги укине законите кои ги забрануваат ваквите бракови и посвојѕвање деца. Ова беше повод за минатонеделните протести во цела Франција.

 

 

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано