Захарова: Зеленски го саботира процесот на мировни преговори

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски презема чекори што водат кон саботажа на процесот на мировни преговори во Украина и продолжување на конфликтот, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Зеленски продолжи да презема чекори што водат кон саботажа на процесот на мировни преговори и ескалација на конфликтот. На 21 август, тој разговараше со странски новинари за одбивањето на Киев законски да ги признае териториите што кликата ги изгуби неповратно, повторувајќи ги своите делирични максими за нивната окупација“, рече Захарова на прес-конференција, објави ТАСС.

Таа додаде дека Зеленски „не ја цени волјата на огромното мнозинство жители на овие региони за повторно обединување со Русија врз основа на резултатите од референдумот во 2022 година“.

„Кога беше прашан за мирно решение, Зеленски излажа, се обиде да ја обвини нашата земја дека не сака да ја заврши војната, ја отфрли можноста за доделување официјален статус на рускиот јазик, наместо мир, сонуваше за сили на НАТО, рече дека тие треба да бидат распоредени на копно, во воздух и на море“, истакна Захарова, според Танјуг.

Таа додаде дека Зеленски „продолжил да демонстрира воинственост“ во своето видео обраќање на 24 август, по повод Денот на независноста на Украина.

Би можело да ве интересира

Украина од увозник, прерасна во земја извозник на оружје

Зеленски: Главната цел на Русите е да го освојат Покровск, има битки и во самиот град

Зеленски: Подготвени сме за мировни преговори, но не и за откажување од територија

Горан Наумовски

Захарова: Русија не ги перцепира санкциите како привремени или целни мерки

Зеленски: Санкциите на Трамп не можат да ги заменат ракетите

Горан Наумовски

Захарова: Антируските санкции се контрапродуктивни