Реакција од Захарова: Караванот си врви, кучињата си лаат

Од:

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, го коментираше повикот на Киев за исклучување на Русија од ОН со поговорката дека „караванот си врви,кучињата си лаат“.

„Нема потреба да се преземаат никакви активности во таа прилика. Низ историјата Украина преживеала различни личности, а во изминатите години и децении имаше многу никаквеци кои целосно ја уништија и ја турнаа на работ на пропаст“, ​​рече Захарова.

Според неа, Русија треба соодветно да ја гради државната политика.

„Апсолутно не вреди да се слушаат оние болни изјави во кои нема историска суштина, логика или разбирање “, оцени Захарова.

Министерството за надворешни работи на Украина претходно побара Русија да биде исклучена од Обединетите нации, иако тоа е невозможно според Повелбата на организацијата, во која Русија има право на вето во Советот за безбедност на ОН, кој е главното тело на ОН.

Би можело да ве интересира

Во Русија се урна украински дрон, три лица се тешко повредени

Горан Наумовски

Русите се вооружија: Со беспилотни летала-камикази ја уништуваат Украина

(ВИДЕО) Дрон падна на 150 километри од центарот на Москва

Горан Наумовски

АП: Нова кампања за регрутирање во Русија

Горан Наумовски

Околу 70 украински војници се предале на ДНР во последните две недели

Русите тврдат дека зазеле голема фабрика во Бахмут