Захарова: Украинските напади врз руски цивили докажуваат дека мирот не е на радарот на Киев

Од:

Тековните украински напади врз руското цивилно население докажуваат дека мирот не е во речникот на режимот во Киев, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Со сигурност е утврдено дека современите украински следбеници на Бандера секој ден ловат невини и беспомошни луѓе со дронови. Беспилотните летала полни со експлозиви ладнокрвно се насочени кон секој човек кој е во видното поле на неонацистите“, нагласи Захарова, пренесува ТАСС.

Според неа, „насилниците (на украинскиот претседател Володимир) Зеленски безмилосно отвораат оган врз жени, постари лица и деца и целат станбени згради, продавници, училишта, болници, објекти од социјалната и сообраќајната инфраструктура“.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша закон – кога ќе реши ќе го исклучи интернетот во Русија

А1он

Тројца загинати во хеликоптерска несреќа во Русија

А1он

Песков: Нема потврда дека ќе се одржи нова рунда преговори за Украина

Германски генерал: Светот се распаѓа по рабови – ако е во можност, Путин ќе употреби воена сила врз Европа

А1он

Путин: Ако Европа сака да војува, Русија е веднаш подготвена

Иран е подготвен привремено да ја прекине нуклеарната програма