Захарова: Украина го ослабува економскиот потенцијал на Европа

Од:

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска соопшти дека прекинот на транзитот на руски гас од Украина има негативно влијание врз економскиот потенцијал на Европа и животниот стандард на нејзините граѓани.

Захарова истакна дека прекинот на испораките на „еколошки прифатлива руска енергија е штетен за Европа“.

„Овој потег не само што го ослабува економскиот потенцијал на Европа, туку сериозно влијае и на стандардот на европските граѓани“, оцени Захарова и додаде дека САД заедно со Киев се главно одговорни за сегашната ситуација, бидејќи тие ја поставуваат економската и геополитичките услови кои водат до зголемување на цените на енергијата во Европа.

Захарова особено укажа на штетите што ги претрпеа европските земји, како Германија, која мораше да купува поскап гас по нападот на Северен тек.

Таа нагласи дека сега и другите европски земји ќе мора да ги сносат последиците од „американската стратегија“.

„Киев одби да ги обнови договорите со руската компанија Гаспром, што доведе до суспензија на транзитот на гас на 1 јануари 2025 година“, заклучи Захарова, нагласувајќи дека Русија ги исполнила сите свои обврски од договорените аранжмани.

Би можело да ве интересира

Руте: Земјите-членки на НАТО мора да произведуваат повеќе оружје

Стармер: На Украина и се потребни дополнителни безбедносни гаранции поради амбициите на Путин

Сијарто: Невозможно е Украина да влезе во ЕУ пред земјите од Западен Балкан

Јермак: Украина нема да се согласи на замрзнат конфликт

Лукашенко: Украинците нема да се согласат на прекин на огнот

Горан Наумовски

Путин: Ние сме за прекин на огнот, но прво треба да добиеме одговори на прашањата

Горан Наумовски