Захарова: Сноуден може сам да одлучи до кога ќе остане во Русија

Од:

Поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност на САД Едвард Сноуден може без сугестии и притисоци да одлучи колку време ќе остане во Русија, изјави синоќа во интервјуто за „Јаху глобал њуз“ претставничката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

– Според мене, тој самостојно ќе донесе одлука, одговори Захарова, на прашањето дали Сноуден може да остане неопределено време во Русија.

– Никогаш не сме сретнале, никогаш не сум разговарала со него. Тој едноставно е човек, има сопствена волја, може самостојно да одлучува каде ќе живее, констатираше претставничката на руското МНР.

Запрашана дали руските власти размислиле под какви околности би го предале Сноуден на САД или би го прогниле, таа потврди: Не можам ништо да коментирам за тоа. Тој сам ќе одлучи.

Адвокатот на Сноуден Анатолиј Кучерена изјави за ТАСС, дека новата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп се уште не се поврзала со поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност на САД.

– Не, никој не се обидел да стапи во контакт со него. Според мене, Сноуден веќе известил за неговата позиција и тоа останува без промена. До денеска нема промени, тој живее и работи во Русија, наведе Кучерена.

Сноуден избега од САД откако во 2013 година откри тајни информации за шпионски операции на Вашингтон, поточно за прислушување на странски лидери.

Потоа испрати барање за азил во над 20 држави, вклучително и во Русија. На 1 август тој доби дозвола за престој во земјата и од тогаш се наоѓа на руската тероторија.

Во јануари, Кучерена изјави дека Сноуден може да престојува во Русија до 2020 година, а потоа законски ќе може да добие државјанство.

САД го обвини Сноуден по два членови од законот за шпионажа, а секој од нив предвидува затворска казна со времетраење од 10 години.

Вработени во американската администрација наведоа дека го сметаат Сноуден за предавник и немаат намера да ги откажат обвиненијата, бидејќи тој и нанале сериозни штети брз националната безбедност.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски