Русија ја смета одлуката на Бугарија да обезбеди воена помош за Украина како уште еден непријателски чин што ќе доведе до дополнително влошување на билатералните односи. Ова денеска го изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Одлуката на Националното собрание на Бугарија да и даде воена и воено-техничка поддршка на Украина ја сметаме за уште еден непријателски чин против нашата земја, што ќе доведе до дополнително влошување на билатералните односи“, рече Захарова на брифинг.
„Убедени сме дека бугарските законодавци се свесни за фактите на илегалната трговија со оружје, вклучително и од странство, на териториите контролирани од Украина и не можат а да не бидат свесни за опасноста тоа да падне во рацете на терористичките групи и бандитски формации во многу жаришта низ светот“, нагласи Захарова.
На 3 ноември бугарскиот Парламент донесе одлука за испорака на оружје за Украина.
Извор: МИА