Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека е потребна чесна и непристрасна истрага за да се утврди вистината за минатогодишните настани во киевското предградие Буча.
„Повторно зборуваме за тоа – за да се утврди вистината, неопходно е да се спроведе чесна, непристрасна и независна истрага која треба да се фокусира на наоѓање одговори на четири прашања: идентификација на трупови, време и причина за смртта на луѓето, траги на можно движење на телото“, истакна Захарова.
Таа потсети дека минатата година режимот во Киев и неговите западни покровители објавија лажни вести за наводното „масовно убиство на цивили“ од страна на руската армија во Буча.
„Потоа во Буча беше организиран „политички аџилак“ на странски посетители. Таму се организираа пропагандни акции, пристигнаа новинари. Сепак, режимот во Киев не успеа да го направи Буча „украинска Сребреница“. Очигледно е дека тоа беше провокација чија цел беше да се активира однапред подготвен пакет антируски санкции и да се фрустрираат руско-украинските преговори, посочи Захарова.
Минатата година украинските власти и медиумите објавија видео кое наводно е снимено во градот Буча во Киевската област, каде телата на загинатите лежат на патот.