Захарова: Повикот на Трамп до венецуелската војска е уцена

Од:

Повикот на американскиот претседател, Доналд Трамп до венецуелската војска да ја поддржи опозицијата предводена од Хуан Гваидо, треба да се третира како уцена, оцени денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„Уцена како средство за враќање на демократијата на народот на Венецуела“, напиша Захарова на „Фејсбук“ како реакција на говорот на Трамп во Макајами.

Тој од таму ја повика војската на Венецуела да ја поддржи опозицијата, да дозволи минување на хуманитарен конвој и да биде амнестирана, или во спротивно „сè ќе изгуби“. Трамп, од говорницата на Меѓународниот универзитет Флорида во Мајами истакна дека САД стојат зад Гваидо, кого го признаа за легитимен претседател на Венецуела. Тој и порача на војската на Венецуела дека ако продолжи да го поддржува актуелниот претседател Николас Мадуро „нема да пронајдат безбедно пристаниште, ниту лесен излез“. – Сè ќе изгубите!, се закани Трамп и истакна дека САД се залагаат за мирна транзиција на власта, но и дека „сите опции се на маса“.

Би можело да ве интересира

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Захарова: Русија очекува да се исполнат договорите постигнати со САД во Ријад

Трамп: Голем напредок кога станува збор за Украина, разговорите со Москва и Киев се одвиваат добро

А1он

Захарова: Режимот во Киев напаѓа и тероризира цивили

САД, Русија и Украина веќе ги исцртуваат границите на новиот договор

А1он

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија