Захарова поверувала во фотомонтажата на Хилари Клинтон со Осама бин Ладен

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, зборувајќи за американската администрација и нејзиното лобирање, потсети на една фотографија на која наводно се гледа основачот на Ал Каеда Осама бин Ладен во Белата куќа. Проблемот е што фотографијата е фотомонтажа.

– Потсетете се на оние фантастични, вџашувачки фотографии, како Бин Ладен е нагостен во Белата куќа, изјави неодамна Захарова при гостување на руската државна телевизија.

Би-Би-Си објави дека станува збор за фотомонтажа која кружела по руските налози на Твитер минатата година.

– Дефинитивно е лажна, неведува Би-Би-Си, прецизирајжи дека лицето на Бин ладен е „залепено“ врз музичарот Шубашиш Мукхарџи, со кого Хилари Клинтон се сретнала во 2004 година, додека била сенатор на Њујорк.

Би-Би-Си ја објави и оригиналната фотографија, на која се гледа Клинтон со музичарот.

Американскиот сајт за проверка на факти Сноупс утврди дека фотографијата е направена во рамки на натпревар за фотошоп страницата Фрикингњуз.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он