Портпаролот на руското МНР, Марија Захарова, го опиша како „циркуско шоу“ обвинувањето на британската премиерка Тереза Меј за руско учество во труењето на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал, пренесе руската новинска агенција ТАСС.
„Ова е циркуско шоу во британскиот парламент. Заклучокот е јасен – уште една информација и политичка кампања базирана на провокација“, рече Захарова.
Претходно британската премиерка Тереза Меј изјави дека „е многу веројатно“ Москва да е одговорна за труењето на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал.