Захарова: Ќе одговориме на сите мерки од САД, дури и на „идиотските“

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова коментирајќи го предлогот на американскиот Конгрес, Русија да се прогласи за „спонзор на тероризмот“, изјави дека Москва ќе одговори на сите мерки, вклучително и „идиотските“.

– Сите мерки што ќе ги преземат, дури и оние од идиотски карактер, ќе добијат свој развој и продолжување, а ние несомнено ќе одговориме на сè и тие треба да го сфатат тоа, наведе Захарова.

Претходно, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс изјави дека САД ја анализираат можноста Русија да ја вклучат на списокот на „соучесници на тероризмот“.

За Москва таквите соопштенија се пропаганден потег на Вашингтон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија