Захарова: Ја продаваат татковината за кесичка помфрит и пита со варени бобинки

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова упати остри зборови до украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Таа се огласи по средбата на Кулеба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и откако двајцата беа фотографирани во ресторан за брза храна. На фотографијата Кулеба носи послужавник со помфрит и пита со бобинки.

„Претходно, гадовите ја продаваа својата татковина за „цело буре џем и цела корпа колачиња“. Сега – за кесичка помфрит и пита со варени бобинки. Внимание на сите што се во фаза на подготовка на претпродажба“ напиша Захарова на нејзиниот канал Телеграм.

Би можело да ве интересира

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија