Захарова: Европскиот параламент е спонзор на идиотизмот

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ја резолуцијата на Европскиот парламент за прогласување на Русија за спонзор на тероризмот, предложи ЕП да се прогласи за спонзор на идиотизмот.

Европскиот парламент денеска усвои необврзувачка резолуција со која Русија ја прогласува за спонзор на тероризмот поради воената операција во Украина, произлегува од резултатите од гласањето на пленарната седница во Стразбур.

Во моментов, Европската унија нема никаква правна рамка за класификација на земјите како државни спонзори на тероризмот.

Претходно Парламентарното собрание на НАТО објави документ во кој се препорачува земјите-членки на Алијансата да ја прогласат Русија за терористички режим.

Би можело да ве интересира

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Немаме делегација во Минхен објави Русија

Катерина Ѓуровски

Захарова: САД ќе ги задржат своите пропагандни медиуми

А1он

Захарова: Сведоци сме на нова бруталност на украинската армија врз цивили во Курск

Захарова: Негрижа на Зеленски за животите на Украинците

А1он

Москва калкулира кој ќе биде амбасадор во САД, Захарова вели „се уште САД не дале согласност“