Загинаа жена и дете откако со автомобил влетаа во земјоделците кои протестираа во Франција

Од:

Жена и нејзината ќерка (14) загинаа во сообраќајна несреќа што се случи на дел од патот што беше блокиран во рамки на протестот на француските земјоделци.

Несреќата се случила во градот Памиер, во јужниот француски департман Ариеж.

„Жената почина, а нејзиниот сопруг и ќерка се во тешка состојба и беа згрижени од Брза помош“, изјави претседателот на синдикатот на фармери FNSEA, Арно Русо.

Потоа стигна информација дека девојчето им подлегнало на повредите, додека не се знае во каква состојба е таткото.

Земјоделците во Франција протестираат поради ниските откупни цени на земјоделските производи и бараат намалување на даноците, што се барањата на земјоделците ширум Европа.

Тие ги блокираа патиштата во делови од Франција минатата недела поради новиот данок на горивото за трактори, евтиниот увоз на земјоделски производи и ниските откупни цени. Владата најави дека сака да го слушне мислењето на претставниците на земјоделците за да се вклучат дополнителни мерки за поддршка на секторот во предлог-законот за земјоделство.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара максимална казна за сторителот кој ја усмрти Фросина

Горан Наумовски

Притвор за 20-годишниот Јованов, кој на пешачки ја прегази младата Фросина – ова не му е прво кривично дело

A1on

Возач тешко повреди двајца пешаци, па избега, полицијата го пронајде и го уапси

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

Вработените во Матица Српска ги поддржаа студентите