Загинати се сите четворица членови на екипажот во кенискиот товарен авион што се урна утринава, непосредно по полетувањето од меѓународниот аеродром во Најроби, пренесе ДПА, повикувајќи се на кениските власти.
Авионот „ Фокер 50“, што требало да лета за Сомалија, паднал рано утринава, околу 4,30 часот по локално време, врз две канцеларии од зграда во квартот Утауала, наведува весникот „Дејли нејшн“.