Загина командос, а 35 цивили се повредени од експлозија на автомобил-бомба во северен Авганистан

Од:

Експлозија на автомобил-бомба во северната авганистанска покраина Бахл, наменета за единица командоси, повреди многу цивили, соопштија авганистанските власти, јави ДПА.

-Во инцидентот загина еден командос, а шестмина други се повредени, изјави портпаролот на 209-от воен корпус на Шахен, Ханиф Резаи.

„Околу 35 цивили се повредени кога возило експлодирало во близина на базата на командосите во областа Балх, а експлозијата уништи и голем број цивилни куќи и продавници“, додаде Резаи.

Германската агенција додава дека се уште не е потврдена точната бројка на починати и повредени лица, а ниту една група не ја презеде одговорноста за инцидентот, иако сомнежите повторно паѓаат на Талибанците, кои со месеци се активни во областа Бахл.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан