Загина девојка при банџи скок

Од:

Девојка (28) заедно со нејзиното момче одлучиле да изведат банџи скок од кран висок 65 метри, во близина на Сент Омер во Франција.

Девојката скокот не го преживеа, а нејзиното момче се здобило со сериозни повреди, пишува „Паризиен“.

Некаде, на околу 15 метри од земја, дошло до проблеми со системот за прицврстување и двојката паднала на земја.

Менаџерите се уапсени поради сомнение дека извршиле убиство од небрежност. Обвинителот изјави дека треба да се утврди дали несреќата е предизвикана од човечка грешка, дефект на опремата или и двете нешта.

Секако, после несреќата, за посетителите е забрането банџи скокање од овој кран.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано