Заедничка молитва за мир во Ватикан на Абас и Перес на иницијатива на папата Франциско

Од:

На иницијатива на папата Франциско денеска во Ватикан ќе се одржи заедничка молитва за мир на која ќе учествуваат израелски и палестински претставници, а ќе им се придружат и патријархот Вартоломеј, имами, рабини, верници и сите луѓе со добра волја.

Според желбите на Папата ова е аполитичка средба, молитва во градините на Ватикан, а до средбата не се очекува конкретна политичка иницијатива.

Лидерите Перес и Абас во Рим пристигнуваат одвоено, следени од рабини и имами.

Папата Франциско во градините на Ватикан ќе седи меѓу двајцата претседатели, а цариградскиот патријарх Вартоломеј во нивна непосредна близина.

Молитвата е поделена на три дела, еврејска, христијанска и на крајот муслиманска молитва.

По молитвата учесниците ќе засадат маслиново дрво, што е вообичаен гест на средбите на кои се молат за мир.

Би можело да ве интересира

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Рубио: Кревок е прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас

Израел ослободи 183 палестински затвореници

Саудискиот принц му пишa на Трамп за Газа: Палестинците не се илегални имигранти, тоа е нивна земја